Управниот одбор е орган на управување на Претпријатието кој го именува односно разрешува Советот на општина Битола, од редот на афирмирани и познати стручњаци од областа на водоснабдувањето.
Бројот и составот на членовите на Управниот одбор го утврдува Советот на Општина Битола со Решение за именување. Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 4 години.
Управниот одбор има Претседател кој се избира од редот на членовите а исто така и Заменик Претседател кој се избира исто од редот на членовите.
Претседателот на Управниот одбор ги свикува седниците, се грижи за извршување на актите на Управниот одбор и врши и други работи утврдени со Деловникот за работа на Управниот одбор.
Членови на Управниот одбор се:
1.Пеце Стојковски-Претседател
Магистер по јавна администрација (ФИКТ-Битола)
2.Филип Радивчев –заменик претседател
Дипомиран менаџер по осигурување
3.Виктор Чурлиновски
Технички факултет-Битола-Индустриски менаџмент
4.Ице Велјановски
Економски факултет-Дипомиран економски менаџер
5.Наталија Илиевска
Земјоделски факултет
6.Снежана Трајковска
Природно математички факултет-дипломиран биолог
7.Елена Дамчевска
Магистер по биотехнички науки од областа за квалитет и безбедност на млеко и млечни производи
8.Дарко Спировски
Технички факултет –Патен Сообраќај и транспорт –Дипломиран Сообраќаен инженер
9.Слободан Симоновски
Правен факултет Кичево-Магистер по правни науки