Превентивни мерки против замрзнување на водомери

Дирекција и Наплатен центар на улица “16-та” бб

Превентивни мерки против замрзнување на водомери —

За да не дојде до замрзнување на водата во водоводните приклучоци (пукање на стакло на водомерот, пукање на цевки и др.) потребно е да се води сметка за следното:

Корисниците треба да се грижат своите инсталации да не ги остават подолг период без надзор кога истите се во полна сосотојба, а без проток на вода, како би се спречило замрзнувањето на водата во внатрешните инсталации.

Исто така постои и можност инсталациите да замрзнат доколку истите не се прописно вградени на соодветна длабочина и ако во завртните славини кои се монтирани над водомерот не е испуштена водата. Во улови на ниска температура, пожелно е корисниците

редовно да ги проверуваат водоводните шахти и водомерите, да ги осигураат капаците, а во случај на екстремно ниски температури потребно е и дополнитено да се заштитат инсталациите и во водоводната шахта со заштитни средства. При ниски температури потребно е да води сметка и за внатрешните инсталации кои подолг преиод се во незагреани простории или се во простории со незаштитени отвори (скршени прозорци).

Со случај на пукање на приклучоците во водоводната мрежа или на водомерите можете да се јавите во нашата дежурна служба на телефонските броеви,

047/ 238-200 или 047/ 234-791

Не постои значителна можност да дојде до замрзнување на водоводната мрежа, која е под надлежност на испорачателот на водоводни услуги, бидејки се изведува и проектира за да се спречи мирувањето на водата, односно осигуран е постојан проток. При изградбата се води сметка да биде на прописна длабочина, каде температурите се значително повисоки од надворешната температура во зимски услови.