Кај кого да се обратам во случај на рекламација?
- ( ЈКП “Водовод” Битола – ул.16-та бб, 7000 Битола или на телефонскиот број 047/227-448)
Може ли корисникот сам да си чита водомерот?
- ( Корисниокот може сам да си ја прочита состојбата на водомерот и истата да ја пријави од 20 до 25 во месецот, телефонски или во наплатниот центар на ЈКП “Водовод” Битола на ул.16-та бб, 7000 Битола или на телефонскиот број 047/227-448 лок.119 )
Што треба да направам за да извршам промена на име на водомер?
- Потребно е да поднесете Барање за промена на име корисник, во дирекцијата на ЈКП Водовод Битола, во Службата за наплата, на ул. 16-та бб.
- Со барањето треба да ги приложите и следните документи:
- 1) Последна прочитана сосотојба на водомерот.
- 2) Лична карта на чие име треба да се изврши промената.
Како да ја намалам сметката на вода?
- Не оставајте ја славината да тече
- Повеќето од луѓето имаат лоша навика да ја оставаат славината да тече додека ги мијат забите, додека се бричат или ја истекуваат водата за пиење. Тоа е добар начин непотребно да се потроши огромна количина на вода секојдневно. Затворајте ја славината кога миете заби или се бричите за да заштедите.
- Поправете ги славините кои капат
- Не постои мало капење. Славината која капе може да потроши до 100 литри вода на ден. Лесно се поправаат со замена на гумичката или доколку е потребно и замена на вентилот.
- Казанчињата да се во исправна состојба
- Казанче кое тече е најголем прикриен потрошувач на вода. Од него може да истечат до 300 литри на ден. Статистички е докажано дека секое петто казанче тече. Затоа редовно проверувајте ги и поправајте ги навреме. Користете казанчиња кај кои се подесува количината што истекува. Опсегот е меѓу 5 и 10 литри. Казанчето е “виновник” за 30% од потрошената вода во вашиот дом.
- Проверете ги вентилите во вашата шахта. Ако капат или течат пријавете во најблискиот пункт.
- Бидете рационални
- Туширајте се кратко.
- Едно перење на машина троши околу 80 литри вода.
- Перете само кога машината е полна.