Цена на водата

Јавното Комунално Претпријатие Водовод – Битола се финансира исклучиво од продажба на вода и извршени услуги.

Цената на водата е утврдена согласно решението од Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија УП1 бр.08-102/20 од 23.07.2020 година за регулиран период 2021-2023 година.

Важечките цени за услугите се:

Цена на вода

ДомаќинстваСтопанство
31,78 ден/м3 + 5% ддв 52,80 ден/м3 + 5% ддв

Читањето на состојбата на водомерите на индивидуалните корисници се врши на секои шест месеци за корисниците кои редовно ги плаќаат своите сметки, а за останатите по потреба и секој месец. За правните субјекти читањето на водомерите се врши секој месец, а по потреба и почесто. Сметката Ви ја доставува вашиот инкасатор секој месец врз основа на просечно потрошена вода. Порамнувањето на сметките за потрошена вода се врши во месецот кога се отчитува водомерот.