Најчести прашања и одговори

Кај кого да се обратам во случај на рекламација?

  • ( ЈКП “Водовод” Битола – Климент Охридски бб, 7000 Битола или на телефонскиот број 047/227-448)

Може ли корисникот сам да си чита водомерот?

  • ( Корисниокот може сам да си ја прочита состојбата на водомерот и истата да ја пријави од 20 до 25 во месецот, телефонски или во наплатниот центар на ЈКП “Водовод” Битола на ул.Климент Охридски бб, 7000 Битола или на телефонскиот број 047/227-448 лок.119 )

Што треба да направам за да извршам промена на име на водомер?

  • Потребно е да поднесете Барање за промена на име корисник, во дирекцијата на ЈКП Водовод Битола, во Службата за наплата, на ул. “Климент Охридски“ бб.
  • Со барањето треба да ги приложите и следните документи:
    • 1) Последна прочитана сосотојба на водомерот.
    • 2) Лична карта на чие име треба да се изврши промената.

Како да ја намалам сметката на вода?

  • Не оставајте ја славината да тече
  • Повеќето од луѓето имаат лоша навика да ја оставаат славината да тече додека ги мијат забите, додека се бричат или ја истекуваат водата за пиење. Тоа е добар начин непотребно да се потроши огромна количина на вода секојдневно. Затворајте ја славината кога миете заби или се бричите за да заштедите.
  • Поправете ги славините кои капат
  • Не постои мало капење. Славината која капе може да потроши до 100 литри вода на ден. Лесно се поправаат со замена на гумичката или доколку е потребно и замена на вентилот.
  • Казанчињата да се во исправна состојба
  • Казанче кое тече е најголем прикриен потрошувач на вода. Од него може да истечат до 300 литри на ден. Статистички е докажано дека секое петто казанче тече. Затоа редовно проверувајте ги и поправајте ги навреме. Користете казанчиња кај кои се подесува количината што истекува. Опсегот е меѓу 5 и 10 литри. Казанчето е “виновник” за 30% од потрошената вода во вашиот дом.
  • Проверете ги вентилите во вашата шахта. Ако капат или течат пријавете во најблискиот пункт.
  • Бидете рационални
  • Туширајте се кратко.
  • Едно перење на машина троши околу 80 литри вода.
  • Перете само кога машината е полна.