Капацитети

  Изворишта на вода Суровата вода се зафаќа од сливот на Баба планина преку три зафати на површинска вода од Тиролски тип, и тоа: зафат Црвена река, зафат Лак поток и Сапунчица. Во период на маловодие, количините на сурова вода се дополнуваат од ХС – Стрежево преку пумпната станица Довлеџик. Капацитетот на пумпната станица е 680 l/s.  

Фабрика за пречистување на водата –Филтерница Дихово

Во 1983 година беше изградена и пуштена во работа филтерската станица во с.Дихово. Нејзиниот капацитет беше 600 литри во секунда. Овде се преработуваат водите од системот Драгор, како и дополнителните количества вода од акумулацијата Стрежево.

Со завршувањето на изградбата на втората фаза на филтер-станицата Дихово, во 1999 г. нејзиниот капацитет за преработка на сурова вода се зголеми за 1,080л/сек. со што таа стана современа фабрика за вода.

ФС „Дихово“ се наоѓа на надморска висина од 760 метри, а пречистената вода до градот се доведува по гравитационен пат. Таа, како градежен објект со сите составни делови, зафаќа површина од 6500м2. Само површината на филтерските полиња изнесува 716 м2.

Машиска хала ја сочинуваат компресори за воздух, пумпи за перење на филтерските единици и повеќе хидрофорски единици за обезбедување на санитарна вода за локални потреби и процесна вода за отворање и затворање на хидрауличните вентили, како и главна разводна табла.

Арматуски ходници: сместен е доводот на сурова вода и одводот на нечистата вода, како и разводот на воздухот и водата за перење на филтерските единици и одведувањето на пречистената вода кон потрошувачите.

ПОДЕЛБА НА ВОДОСНАБДИТЕЛНИОТ СИСТЕМ НА ГРАДОТ НА ВИСИНСКИ ЗОНИ

Заради обезбедување на што порамномерна распределба на притисокот, водоснабдителниот систем е поделен на три зони, чии главни параметри од аспект на притисокот се дадени во следната табела:

НИСКА ЗОНА

Ниската зона на водоснабдување се протега од 580 МНВ до 630 МНВ и го опфаќа

најголемиот дел од градот, сите села и речиси целата индустрија, односно на неа отпаѓа околу 80% од вкупната потрошувачка во системот. Во составот на оваа зона се трите резервоари во месноста Довлеџик (2х600 м3 и 1х150м3) на кота од 695 МНВ, како и резервоарот Овчи Баир со капацитет од 5000м3. Првите три резервоари работат како резервоари пред населено место, а последниот – како резервоар после населено место. Дистрибутивната мрежа е прстенеста и се состои од цевки со различни материјали, дијаметри и старост.

СРЕДНА ЗОНА

Оваа зона се протега од 630 МНВ до 685 МНВ и опфаќа претежно резиденцијална област на градот, со мал број на стопански објекти. Потрошувачката на вода во зоната е околу 17% од вкупната потрошувачка во системот.

Водоснабдувањето на оваа зона се врши од главната доводна цевка, преку резервоарот „Епинал“ на кота 725 МНВ. На оваа зона и припаѓаат населбите Баир и Буковски Ливади. За населбата Буковски Ливади е изграден и посебен довод и резервоар со капацитет од 100 кубни метри.

ВИСОКА ЗОНА

Оваа зона се протега од 685 МНВ до 730 МНВ и опфаќа претежно резиденцијална област на градот и е најнова водоснабдителна зона во градот (1984г.). Потрошувачката на вода во зоната е околу 3% од вкупната потрошувачка во системот. Дистрибутивната мрежа е претежно од PVC цевки. Водоснабдувањето се врши преку прекидната комора 8, во кругот на филтерската станица „Дихово“. Како резервоарски простор се користи веќе споменатиот резервоар под филтерската станица.

Резервоарот „Овчи Баир 

Напоредно со изградбата на бунарскиот систем кај Ново Змирнево, ЈКП „Водовод“ инвестираше и во изградбата на главен довод, главна прстенеста мрежа и во резервоарски простор чија вкупна запремина изнесува околу 10.000 кубни метри, а преостанатиот дел е во составот на филтерската станица „Дихово“. Резервоарот Овчи Баир се наоѓа на надморска височина од 667 метри и со вода ги снабдува деловите на Битола од првата висинска зона. Овој резервоар, кој е изграден во 1973 година, е најголем во нашиот град. Овие резерви вода во системот за водоснабдување служат за израмнување на часовата потрошувачка во деноноќието.

Резервоарот „Епинал“ 

Резервоарот „Епинал“ е изграден во 2013г., на локацијата на старата прекидна комора ПК9, на ул. Епинал. Резервоарот е со двокоморна армирано – бетонска конструкција, со вкупен капацитет од 2000 кубни метри вода. Котата на прелив на резервоарот е 725 метри надморска височина. Резервоарот служи за изедначување на часовата нерамномерност на потрошувачката  во  средната  висинска  зона,  како  и  за  намалување  на  притисокот  на главната доводна цевка, која ја доведува прочистената вода од филтерницата „Дихово“.

Резервоарот е опремен со мерачи на проток и ниво, чии мерења се пренесуваат преку SCADA системот во реално време.

Пумпна станица

Пумпната станица претставува еден од главните водоснабдителни објекти, од витално значење за регионалниот водоводен систем. Истата е изградена во 1984 год, се наоѓа во месноста  „Довлеџик“,  лоцирана  на  25-тиот  километар  од  главниот  канал  на  ХМС„Стрежево“    –  Битола.  Овој  објект е поврзан со филтерската станица – Дихово, преку челичен цевковод Ф711 mm, во должина од 2.5 km. Преку пумпната станица се врши дополнување со потребните водни количини (сирова вода) во филтерската станица, во временските  периоди  кога  природните  изворишта  од  Баба  Планина  имаат  намалена издашност. Пумпната станица поседува четири пумпни агрегати со вкупен инсталиран капацитет од 680 л/с, со следните технички карактеристики:

 1.       Повеќестепена ветрикална центрифугална пумпа

  • Тип: 2VPH-4A, МЗТ – Скопје
  • Капацитет: Q = 140 l/s
  • Висина на подигање на водата: H = 120 m
  • Тип на електромотор: RT 355 F-4, Север Суботица
  • Моќност 250 KW
  • Број на пумпни агрегати: 2 парчиња

 2.      Повеќестепена ветрикална центрифугална пумпа

  • Тип: 2VPH-5, МЗТ – Скопје
  • Капацитет: Q = 200 l/s
  • Висина на подигање на водата: H = 120 m
  • Тип на електромотор: ZKFN 1150 A/A, Север Суботица
  • Моќност 360 KW
  • Број на пумпни агрегати: 1 парче

 3.      Повеќестепена вертикална центрифугална пумпа

  • Тип: 2VPH-5, МЗТ – Скопје
  • Капацитет: Q = 200 l/s
  • Висина на подигање на водата: H = 120 m
  • Тип на електромотор: Y2E2, Hoyer Motors
  • Моќност 450 KW
  • Број на пумпни агрегати: 1 парче

Во пумпната станица е инсталирана трансформаторска постројка сомоќност од1600 КVA, која служи за електрично напојување на пумпните агрегати. Во 2014 година е извршено осовременување на пумпната станица. Имено, за секој пумпен агрегат се монтирани комплетно нови нисконапонски ормари за електрично напојување, во кои се вградени системи за меко стартување на електромоторите (софт стартери).

SKADA  СИСТЕМ

Во 2010-та година, ЈКП „Водовод“ – Битола изгради еден од првите SCADA системи во Македонија, од овој тип и големина. Системот се состои од 14 далечински мерни места, секое опремено со мерач на проток и притисок. Измерените параметри се пренесуваат во централен компјутер во просториите на филтерницата „Дихово“, во реално време, преку GPRS комуникација. Покрај можноста за мониторинг, во пет точки од системот се вградени електормагнетни вентили со кое може далечински да се управува со моменталниот проток во цевководот.

СТОПАНСКИ  ДВОР

Стопанскиот двор се наоѓа на југо-источниот дел на Битола каде што, според Деталниот урбанистички план на Општината се лоцирани и други комунални претпријатија. Тој е изведен во текот на 1982/83 година за потребите на оперативата на „Водовод“.

Тука е сместен работниот сектор РЕ „Водоводни објекти и инсталации“ и РЕ „

Новоградба“. Овој објект се простира на површина од 25.000 квадратни метри.